Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски  во вестите на ТВ Алфа, зборуваше за повеќе  теми, меѓу кои за уставните измени, улогата на известител  во БиХ за парламентарното собрание на Советот на Европа, како и за сомнежот за прислушувањето.

Ние разгледавме извештаи на надлежните институции во државава на АНБ, на Агенцијата за разузнавање, воено разузнавање, МВР и според нив кои се државна тајна и не можам да одам до детали, но можам да кажам дека не добивме кредибилен демант на сомнежите дека македонските граѓани не се следени, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа.

Во однос на нас како политичари и најголема опозициска партија, имаме сомнежи подолг временски период дека сме и физички следени и дека се следи нашата комуникација, телефонски интернет и така натаму. До денес немаме добиено кредибилен демант што зборува многу за состојбата во која се наоѓа Македонија – додаде Николоски.

Тој посочи дека тука е секако злоупотребата на некои софтверски алатки преку малициозен софтвер кој е незаконски, познати во јавноста се повеќе форми од типот на Пегасус.

За тоа ќе расправа и Советот на Европа, во октомври ќе има сесија на која ќе се зборува и очекувам оваа тема да ја отворам и таму. А по промената на власта детално ќе ја истражиме секоја институција да видиме каде се злоупотребувале мерките на следење и зошто тоа се прави врз ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои го правеле тоа ќе одговараат – нагласи Николоски.

Гостување во вестите на ТВ Алфа.
👉 Во Босна и Херцеговина имав една исклучително значајна мисија, каде што сум известител за парламентарното собрание на Советот на Европа.
👉 Досега не добивме кредибилен демант дека граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не се следени од власта, по изборите сериозно ќе истражиме и ќе има одговорност
👉 Уставни измени под бугарски диктат нема да има, признанието на Османи дека ова не е последно барање требаше да донесе и оставка на целата влада која го постави ова како прашање број 1, изјави Николоски.