Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервјуто за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, потврди дека постапката за набавка на 150 електрични автобуси е во завршна фаза.

Оваа инвестиција е дел од пошироката стратегија на Владата за децентрализација и поддршка на општините, за што во 2025 година се предвидени рекордни 250 милиони евра.

– Постапката за набавка на 150 електрични автобуси е при крај и моментално е во жалбена фаза. Планот е јасен: градот Скопје ќе добие 100 нови електрични автобуси, додека останатите 50 автобуси ќе бидат распределени низ општините во внатрешноста кои веќе имаат организиран јавен превоз. Ова е директен одговор на барањата на граѓаните за подобра поврзаност и почист воздух, рече во интервјуто Николоски.