Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео со кое најавува нови мерки за унапредување на велосипедската инфраструктура.
Во продолжение изјавата на министерот Николоски:
Со цел решавање на сообраќајниот хаос, но исто така решавање и на дел со проблемот на загадувањето, имавме многу корисна средба со Go Green (Биди Зелен), на која што договоривме две работи коишто многу ќе помогнат на сите оние коишто користат велосипеди.
✔️Прво измена на Правилникот за урбанистичко планирање со којшто јасно ќе биде дефинирано на кој начин ќе се спроведуваат и ќе се градат велосипедски патеки за веќе инвеститорите да немаат изговор да не ги градат истите, сега ќе бидат обврзани да ги градат
✔️ Второ, веќе после Нова година почнуваме политика на Министерството за транспорт за СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ на дел од трошоците за купување на велосипеди 🚲 со цел што повеќе луѓе да користат велосипед.
Од една страна ќе работиме на инфраструктура за велосипеди, а од друга страна на овозможување на сите коишто сакаат да купат велосипед.
Се надевам ова ќе е еден чекор напред кон користење на велосипеди, имање на подобра велосипедска инфраструктура, секако побрза комуникација и поздрава животна средина.
Одиме напред!, вели Николоски.