Николоски вели дека дури 95% од граѓаните во Македонија не заработуваат 34.400 денари месечено, онолку колку што изнаесува минималната потрушувачка кошничка. Тој појаснува дека во оваа кошничка не спаѓаат нови БМВ автомобили, ниту Луи Витон чанти.
– Минималната кошничка во Македонија изнесува 34 400 денари! Со македонските плати не може да се купи тоа што е минимум и основно за семејствата. Мора да ставиме крај на економското опустошување во кое што малкумина се богатат, а цел народ осиромашува, вели Николоски.