Министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски, објави видео осврт во кој ја сумира изминатата 2025 година. Во обраќањето посочува дека зад државата е година со многу започнати и завршени проекти.

Тој нагласува дека резултатите се видливи и дека бил вложен сериозен труд во реализација на планираните активности. Николоски порачува дека во новата 2026 година Македонија влегува со зголемено темпо на работа. Како што наведува, фокусот ќе биде ставен на уште повеќе проекти низ државата.

На крајот од видеото, тој им посака на граѓаните убава, среќна и весела 2026 година.