Ова е една од најбитните работи за кои се разговара во Собранието, од прогласувањето на независноста. Разговараме за суштински работи околу иднината на Македонија, изјави Александар Николоски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на третиот ден од расправата по однос на францускиот предлог.

Политиката е стара колку и цивилизацијата , во политиката многумина влегуваат од користољубие, малкумина влегуваат затоа што сакаат чесно да се посветат  за тие кои ги бираат .На една страна се луѓето кои за ден повеќе привилегии, за службено возило, или други привилегии се спремни да направат се, и од друга страна кои се сптотиставуваат. Не го потценувајте народот, многу е попаметен, вели тој.

Јас не сум од вчера во оваа работа, но вакко нешто не сум видел било кога, ни на крај памет не ми беше дека во македонското Собрание  владеачката структура ќе зборува за тоа дека ќе ја ретушираме историјата, дека треба да поплукаме на сите маки кои што ги виделе предците, зошто  за уште ден власт, местенки, тендери во РЕК Бирола, за фин одмор , кај ќе лежите на плажите ќе си велите добро направивме.  Ова што се случува денес е злосторство  врз цел еден народ,  е триумф на 150 години бугарска империјалистичка политика. Прочитајте малку во историјата, стратегијата на Бугарија е непроменета а таа е дека меѓу Бугарија и Македонија постои вештачка граница која што треба да се урне, затоа што според нив во Македонија живее доминантно бугарско население, тоа е што го имавте во предлогот кој не сакаа ни да ви го поделат во влада, изјави Александар Николоски, потпретсеадтел на ВМРО ДПМНЕ.