Тој во неа зборуваше за приватниот живот како и за тоа што најчесто прави во своето слободно време.

Откри и што прави кога е во родниот Охрид.

Дома одам да одмара, да се дружам со пријателите, да шетам, летно време тука е езерото, капење, пловење по езерото. Има еден интересен период во пролет и есен, тоа се месеците мај и октомври, па и ноември зависи какво ќе биде времето кој е преубав за прошетки на планината Галичица. Ја сакам и Преспа и мислам дека не е откриена многу, особено тој дел кон Баба планина, често знам да скокнам и до таму, вели Николоски.

Тој раскажа и дека сопругата со кого е во брак три години му помага околу изборот на облека.

Николоски вели и дека најчесто наутро тој го прави утринското кафе и заедно го пијат со сопругата.

Помагам и околу домашните обврски, пред два три дена вклучив и правосмукалка, не е тоа ништо страшно. Јас знам да готвам, да пеглам и да исчистам и тоа не е некаква научна фантастика. Не мислам дека треба да се делат работите на машки и женски, вели Николоски.