Изминатава една година најактуелна тема во Македонија се односите на релација Скопје – Софија, а оттука се наметнува и прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот како услов за Македонија да го започне преговорите со ЕУ. На оваа тема мислењата се поделени, а за тоа каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени разговараме со Александар Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на прашањето „Ќе гласа ли ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени?“, дава краток одговор „НЕ“, а потоа истиот го образложува.
Начинот на кој е конципирана бугарската политика и бугарската држава не е конципирање соработка со Македонија, туку на непостоење на Македонија, започнува Николоски.
Николоски вели дека политичката водилка на Бугарија е непроменета политика во однос на Македонија, а нашиот народ го смета за некој кој зборува јазнична норма односно дека според Бугарите, Македонците збворуваат бугарски дијалект.
Без разлика во која форма Бугарија е формирана таа историски има непроменета политика кон Македонија. Ако влезат Бугарите во Уставот, следниот чекор е да ја нема Македонија онаква каква што ја познаваме., вели Николоски.
Според Николоски, Македонија има неколку промашувања во овие 32 години независна држава, а тие се должат на луѓе кои не си ја знаат сопствената историја. Евентуалниот влез на Бугарите во уставот според него би бил резултат на историската неписменост.
На прашањето „Што има лошо ако ги нема Бугарите во Уставот“, има, тоа е последниот чекор кон унишување на Македонија ваква каква што е.
Се додека имаме ваква корумпирана влада во Македонија нема да влезе во ЕУ, ваква влада не почнува преговори со ЕУ