Николоски се осврна на видео-снимката во која Зоран Заев беше фатен како бара мито, а потоа за тоа дело доби ослободителна пресуда.

Како што тој вели, во овој случај мора да се земе предвид контекстот во кој доаѓа оваа ослободителна пресуда. Преквалификацијата на делото се случува во првата половина на мај 2018 година, а на 19 мај излегува и вели дека ќе се промени уставот, но името ќе остане Илинденска Македонија.

– На 21 мај добива ослободителна пресуда за веќе на 25-6 мај да каже во јавност дека новото име ќе биде Северна Македонија и ќе има промена на устав, а договорот ќе се потпише на 17 јуни, истакна Николоски.

Погледнете го целото видео:

ДАЛИ ЗОРАН ЗАЕВ РЕШИ ДА ЈА ИСКОРИСТИ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО ЗА ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН ОД КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ

ДАЛИ ЗОРАН ЗАЕВ РЕШИ ДА ЈА ИСКОРИСТИ ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО ЗА ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН ОД КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ

За снимката „Евро за Вицето, евро за црквата“ имаше истрага и судски процес. Беше ослободен со преквалификација на делото, затоа што на друг начин НЕМОЖЕШЕ ДА БИДЕ ОСЛОБОДЕН.

– Преквалификацијата на делото се случува во првата половина на мај 2018 година
– На 19ти мај 2018 година Заев излегува и вели се договорив, ќе се промени името ќе биде Илинденска Македонија
– На 21ви мај ДОБИВА ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА
– Веќе на 25ти мај да каже во јавност кое ќе е новото име односно „Северна“ и истото да се потпише на 17ти јуни 2018

Posted by Aleksandar Nikoloski on Saturday, May 8, 2021