Утрово во студиото на Радио Лидер гостуваше младиот политиколог Бојан Никовски кој што е член на извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарско прашање зошто се одлучил да влезе во политиката, Никовски категорично вели дека влегол за да направи промена. Според него, се намалува бројот на луѓето кои партијата ја гледаат како единствен начин да успеат во својот живот.

Се одлучив да влезам во политиката за да направам одредена промена. Не би се сложил со констатацијата дека луѓето влегуваат во политика само за личен интерес. Гледам еден тренд кој многумина го нарекуваат негативен, а јас би го нарекол крајно позитивен: се намалува бројот на луѓе кои ја гледаат партијата кои ја гледаат партијата како единствен начин да успеат во својот живот. Важната работа е дека многу повеќе млади се се повеќе независни од државата. Веќе никој не оди во партија за да добие државно вработување бидејќи сите знаеме дека има далеку поплатени професии надвор од државната управа. Пазарот на труд нуди повеќе слободи, вели Никовски за Радио Лидер.

Тој смета дека со тек на време во политиката ќе се направи диференцијација.

Верувам дека на еден природен начин, како што пазарните механизми ги намалуваат работните места кои не се барани исто и во политиката ќе се направи диференцијација: односно во политиката ќе останат само оние кои сакаат да направат реална промена и кои ќе го гледаат политичкиот активизам како начин да ѝ служат на државата и да се направи нешто од она што било претходно, категоричен е Никовски.

Никовски упати оптимизам дека младите се носители на промените и со нивната енергија може да направат промена.

Ние младите сме носители на промените и на новата енергија. Како носители на таква енергија може да придонесеме многу повеќе отколку во минатото, заклучува Никовски.

Целата емисија погледнете ја во продолжение: