Неколку илјади деца денеска ја формираа Бадниковата поворка низ повеќе градови во државата, носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“. Манифестацијата се одржа во повеќе од 80 градови и населени места во земјава, а најмасовно беше во центарот на Скопје. Меѓу многутемина кои беа на поворката свој влог објави Германецот Фин Ватчов кој живее во Македонија, а со него беше и Никола Николовски – Боемот.

Тие упатија пораки за честит Бадник, а Фин направи споредба меѓу Македонија и Германија. Погледнете го нивното видео како изгледа Бадниковата поворка во Скопје:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Finn Wattchow (@finnmacedonia)

Во Скопје, точно напладне, бадниковата поворка тргна од Музејот на Град Скопје и движејќи се по улица „Македонија“, пристигна на плоштадот „Македонија“. Таму, пред сцената кај Божиќната пештера, беше заокружена централната манифестација. Како кулминација, на сцената беше изведена „Божиќна авантура“, голема музичко-сценска изведба во живо. Во неа учествуваа повеќе од 40 музичари, актери и пејачи, заедно со „Златно славејче“. Една од организаторите, Марија Саздева, истакна дека оваа изведба е поинаква од досегашните и претставува круна на целата манифестација.