Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на истакнатиот австриски писател Петер Хандке му врачи орден – Караѓорѓева ѕвезда од прв степен.
– Среќен е српскиот народ што ве врбројува во пријатели. Лично секогаш кога сакам да го разберам страдањето на српскиот народ на Косово, често се враќам на српскиот циклус на Петер Хандке, и и го цитирам. Прифаќајќи го нашиот орден по Нобеловата награда, ни претставува голема чест. Во благодарам за се што направивте за Србија и српскиот народ – рече Вучиќ пред на Хандке да му го врачи орденот.
Нобеловецот Хандке се заблагодари на укажаната чест.
– Апсолутно не бев подготвен дека ќе добијам еден вака значаен орден. Ми рекоа дека ќе се сретнам со претседателот и дека ќе пиеме кафенце. Апсолутно не подготвив говор. Но тоа е одраз на мојот живот во кој за многу нешта не сум бил подготвен. Јас кога и да помислам на Србија, се сеќавам на фреската Белиот ангел, а една копија имам и дома, рече Хандке по приемот на орденот.