На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа млада девојка качена на заштитната ограда кај делот со мајмуните во Скопската зоолошка градина.
На видеото може да се забележи како една од вработените во Зоо Скопје и се обраќа на девојката да се симне доле од оградата, со цел да се избегне потенцијално опасна ситуација и вознемирување на животните.
„И покрај сите препораки, табли со натписи за тоа да не се хранат и вознемируваат животните, во Скопје ЗОО постојано сме сведоци на непочитување на протоколите од страна на посетителите!
Недостасува култура, едукација, недостасуваат редари и видеонадзор, како и санкционирање на сите кои не го почитуваат протоколот!
Родители, наставници, учители, професори и медиуми за јавно информирање… ЕДУКАЦИЈА“, стои во објавата на Стефан Кирков.
