Париската полиција денеска отвори оган врз жена која наводно и се заканувала во воз, што е последен инцидент во земјата што го подигна нивото на безбедност.
Нивото на безбедност беше подигнато откако овој месец во Франција исламски екстремист уби наставник во гимназија.
Според полициски извори, жената носела исламски превез, абаја, а заедно со заканите изговарала и зборови со кои го оправдувала тероризмот.
Од полицијата соопштија дека се уште немаат информации за состојбата на жената.
Од полицијата додале дека отвориле оган откако жената не одговорила на нивните предупредувања.
Полицијата реагирала откако патник во возот се јавил на 911 и пријавил дека жената се заканува, но не се знае за какви закани станува збор.
In Paris a woman threatens to blow up the subway shouting “Allah Akbar” and the French police shoot her.
pic.twitter.com/13DU1faZLi— RadioGenoa (@RadioGenoa) October 31, 2023