Нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, денеска на прес-конференција во Владата ја најави воведувањето на пет нови авиолинии што ќе ги поврзат македонските аеродроми со европски дестинации.

Летови од Охрид кон Полска и Италија

Од 28 јули 2026 година, од охридскиот аеродром ќе започнат да сообраќаат линии до три европски града: Катовице и Вроцлав во Полска, како и Милано во Италија. Со ова, охридскиот аеродром ќе добие засилена поврзаност со средна и западна Европа.

Нови дестинации од Скопје

Скопскиот аеродром ќе воспостави две нови линии – кон Наполи во Италија и кон Будимпешта во Унгарија. Овие летови ќе стартуваат од 6 април 2026 година, со што се зголемува бројот на директни врски од македонската престолнина кон атрактивни европски дестинации.

Целата прес-конференција погледнете ја во продолжение: