На новогодишната ноќ вода почнала да навлегува во познатиот белградски сплав Фристајлер.
Недолго по полноќ водата почнала да навлегува во сплавот, а гостите панично бегале. Иако на насобраните им било кажано полека да го напуштат сплавот, еден по еден, за миг настанал хаос.
View this post on Instagram
И денеска доаѓаат нови детали за хаосот што владеел.
„Пред мене видов едно момче како оди и по секој втор чекор застанува и се наведнува. Мислев дека му е лошо, но тој всушност собираше евра кои испаднаа од луѓето додека бегаа“, изјавил еден од сведоците за Блиц.
Момче вели дека на почетокот никој не знаел што се случува.
„Дел од луѓето побегна бидејќи видоа дека другите бегаат, а само задниот дел каде што се ВИП кабините знаеше што се случува бидејќи тој дел од сплавот прв почна да тоне. Пишував пораки, бидејќи од толпата не видов дека има вода под мене“, рече тој.
„Кога луѓето си заминаа, мислев дека пијалоците се излеале од масата и затоа беше влажна, но набрзо водата почна сѐ повеќе да се крева“, вели тој.
Тој вели дека им рекол на пријателите да побрзаат кон излезот.
„Сите се упатија кон излезот, а преку микрофонот некој само рече да не се паничи. Јас бев меѓу последните кои заминаа, бидејќи на сите околу мене им кажував каде да одат, бидејќи имаше пијани луѓе кои не беа свесни што се случуваше“, вели младиот човек за Блиц.
Тој вели дека девојките трчале боси низ водата полна со парчиња скршено стакло. Поради ова пред зградата имало многу траги од крв, а две девојки побарале лекарска помош.
Момчето вели дека гостите на клубот побегнале и демолирале сѐ пред себе.
„За само неколку секунди настана целосен хаос. Поединци се враќаа и влегуваа во гардеробата, која се наоѓа веднаш до влезот во сплавот од левата страна, ги грабаа јакните, вадеа сѐ што можеа. Наоколу беа расфрлани јакните и гардеробата. Крв имаше насекаде. А на сплавот до нив трубачи како ништо да не се случува“, ги раскажува деталите од драмата.