Седницата, на која ќе реферира новиот директор на АНБ, како што и се очекуваше, е затворена за јавноста. По завршувањето на седницата за случајот „Онишченко“, Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР има закажано уште една седница на која новиот шефот на АНБ треба да ги информира пратениците за активностите што ги презема Агенцијата во врска со лажните дојави за бомби
Новиот директорот на АНБ, Зарко Милошевски, дојде во Собранието каде што на седница за Комисијата за надзор над работата на Агенцијата ќе реферира за случајот „Онишченко”.
Седницата е затворена за јавноста.
На новинарските екипи им беше дозволено само да направат фотографии и видеоинсерти, по што собраниското обезбедување ја затвори вратата на Салата 6 каде што се одржува седницата. Пред да влезат во салата, сите пратеници, членови на Комисијата ги оставија мобилните телефони во друга просторија.
Инаку, денешната седмица на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР е продолжение на веќе започнатото заседание на ова собраниско тело за улогата на АНБ во давањето позитивно мислење за македонското државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко. Тогаш пред комисијата реферираше поранешниот директор на Агенцијата задолжена за безбедноста на државата, Виктор Димовски.
Седницата беше прекината поради безбедносен пропуст кога дел од сведочењето на Димовски одеше тонски на собранискиот јутјуб-канал. За овој инцидент МВР спроведе истрага и изготви извештај, кој беше доставен до Собранието, чиј претседател Талат Џафери даде дозвола седницата да продолжи.
Дека новиот директор на АНБ ќе продолжи со истрагата и за тоа ќе реферира пред собраниската комисија и пред Владата, минатата недела соопшти премиерот, Димитар Ковачевски.
По завршувањето на оваа, Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР има закажано уште една седница, на која Милошевски треба да ги информира пратениците за активностите што ги презема Агенцијата во врска со лажните дојави за бомби.
Видеото од сајтот 360 степени погледнете го во проодлжение