Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници се одржа денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата.
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на професионалните војници беа дел од настанот.
View this post on Instagram
