Последни пет дена од кампањата до претседателските и парламентарните избори. Партиите ја водат својата кампања на терен. На политичката јавност сѐ повеќе ѝ е јасно дека Христијан Мицкоски ќе биде иден премиер на Македонија, а претседател на државата Гордана Силјановска Давкова предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска е последен ден од кампањата каде се објавуваат анекти од учесниците во политичкиот процес. Во тензични услови продолжува целата кампања. Активната работа и целата кампања за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски според сите анкети и резултатот од првите претседателски избори ќе ја предводат новата влада. СДСМ, ЗНАМ и Левица извесно е дека ќе станат парламентарни партии. Но, она што е „примамливо“ кај СДСМ по целиот дебакл е тоа што комплетно ја сменија реториката. Очигледно е дека партијата се подготвува за опозиција. Од викањето „победа, победа“ и удирање по маса, Ковачевски стигна до „Силен СДСМ е потребен во Собранието“.
Како започнаа СДСМ кампањава:
На кое ниво се сега:
Од победа-победа за еден месец дојдовме до тоа “силен СДСМ во Собранието е потребен на државата”
🤦♂️🤦♂️🤦♂️🤦♂️🤦♂️ pic.twitter.com/j7OgyK1IJl
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) May 1, 2024
И Венко Филипче намали со својата „победничка реторика“. За тоа реагираат и твитерџиите.
Венко Филипче вчера побара да соберат сила да извадат ПОДОБАР резултат на претстојните избори (а не победа⁉️)
Резултатите од првиот круг од претседателските избори е ПОД СИТЕ ОЧЕКУВАЊА, следи МЕНУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ, ПРВИОТ ДЕН ПО ИЗБОРИТЕ 😬
Погледнете го видеото во продолжение.
⚠️Спаваш ли мирно @DKovachevski ?
📌Филипче вчера побара да соберат сила да извадат ПОДОБАР резултат на претстојните избори (а не победа⁉️)
📌 резултатите од I круг од претседателските избори е ПОД СИТЕ ОЧЕКУВАЊА, следи МЕНУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ, ПРВИОТ ДЕН ПО ИЗБОРИТЕ 😬 pic.twitter.com/00T8DnnM7O
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) April 30, 2024
Во ист кош е и Оливер Спасовски кој вчеравечер при гостување на подкаст ја намали својата реторика и поевќе од извесно е дека СДСМ ќе оди во опозиција.