Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски гостуваше во „Меѓу редови“ со Ивана Ефремовски каде даде видување за моменталниот градежен бум, но и за причината за градежниот застој кој вледееше во минатото.

-Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во јуни месец 2024 година и формирањето на Владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, сметам дека се промени севкупната клима во Република Македонија. Некаде на 3 јуни бев назначен за директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Тоа е едно од најзначајните претпријатија со оглед на тоа што под негова надлежност се изградбата и оддржувањето, некомплетното оддржување во смисол на реконструкција на одредени патишта, рече Трајановски.

Тој потенцира дека на почетокот му било потребно да направи добра анализа во каква состојба го затекнува претпријатието од финасиски, кадровски, програмски аспект, проекти и проверка на кој проект до каде е.

-Многу се изненадив кога видов дека сметката на јавното претпријатие има околу 95 милиони денари. Тоа сметајте дека е нешто малку повеќе од 1,5 милиони евра. А фактури што биле доспеани имаше милијарда и 50 милиони. Значи повеќе од 10 пати имавме повеќе обврски и долгови кон изведувачи отколку што имавме во касата, рече Трајановски.

Тој е дециден дека денеска состојбата е друга.

-Денеска имаме милијарда и пет-шесттотини милиони на сметка, а имаме 200 до 300 милиони обврски кои што редовно ги солифичираме во рокот на доспевање. Успеавме, пред се што ги намаливме непотребните трошења, да рационално работиме пред се финансиски, а воедно кадровски да го реорганизираме претпријатието. Инженерите кои работеа на проектите беа како гости на проектот, како малку важечки. А мојата цел е секој кој што води одреден проект ако земем пример Страцин-Крива Паланка, тој инженер кој ќе биде назначен практично тој е директор на проект, рече Трајановски и додаде:

„Кога тој ќе дојде на проектот, на терен, ќе ги викне на состанок или ќе се интересира телефонски тие треба да имаат од него пред се да имаат огромна обврска, почитување дека без него нема да им помине ништо“.

-Многу проекти беа закочени, со оглед на тоа што не се донесувале одлуки, за да може на одредени вредноста за која постои ризик дали точно ќе ја погодите и обемот на работите, но ако работите тимски ќе бидете најблиску до вистината, потенцира Трајановски.

Целото интервју проследете го во видеото подолу.