Вечерва е забележан одрон на автопатот Скопје – Велес, неколку километри пред наплатната станица Сопот.

Според првичните информации, одронот претставува непосредна опасност за возилата што се движат по овој потег. Сообраќајот на оваа делница бара зголемено внимание од возачите.

Апелирано е на внимателна и приспособена возачка брзина додека се санираат последиците од одронот и се расчистува коловозот.