Вообичаената свечена церемонија и одбројување на деновите и часовите до почетокот на Игрите во Токио на 23 јули овојпат минуваат во сенка на сè поголемата загриженост на локалното население поради одржување на најголемата светска спортска манифестација во услови на пандемија на коронавирусот.
Во Олимпиското село, лоцирано во Токискиот залив, веќе почнаа да пристигнуваат првите спортисти, а дополнителна загриженост меѓу јапонските граѓани предизвикаа информациите за први позитивни случаи на коронавирус во редовите на олимписките делегации.
Два члена на олимпискиот тим на Уганда, еден српски и еден хрватски олимпиец, како и член на израелската делегација, се првите позитивни случаи на Ковод-19 во Олимпиското село.