Охрид и за овој празничен продолжен викенд е исполнет со гости. За ручек и кафе во рестораните и кафулињата долж ривиерата се чека ред, хотелите и апартманите целосно полни.

Повторно најбројни се домашните гости,србите и црногорците но има туристи и од цела Европа. И бродарите овој викенд имаат полни раце работа.Прошетките со брод низ езерото деновиве се најбарани.

Од овој месец на ривиерата стартуваат организираните тури кои ќе донесат туристи од цела Европа. Ако исполнетоста за Велигден и 1 ви мај е репер,туристичката сезона ова лето ќе биде и повеќе од успешна прогнозираат од секторот.