Лидерот на СДСМ Венко Филипче во својата пригодна изјава од Охрид на вчерашниот празник Богојавление-Водици наместо со поздравот „Бог се јави“, со кој православните христијани се поздравуваа, тој поздрави со изразот „Бог се роди“.
Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.
Денеска со соопштение излезе и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква.
ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“… што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Немаше потреба безидејното СДС да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ. И дека цела јавност не видела дека Венко не згрешил и дека тоа е последица на грегоријанскиот календар кој е неколку дена пред јулијанскиот календар.
Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да СДС е српска колонистичка партија и експозитура на српската политика.
Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград.
