Унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти. Орбан говореше на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски.

Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија – изјави премиерот Орбан на отворањето на големата конференција на европски и американски конзервативци.

Погледнете го видеото:

Пред самото обраќање на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп. Меѓу другите гости на конференцијата се словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

Ова е настан на највлијателните луѓе од десницата во светот. За потсетување, Унгарија е еден од најважните партнери на Македонија на патот кон ЕУ.