Поранешниот унгарски премиер и еден од најпознатите европски политичари, Виктор Орбан, од вчера ужива во Драгачево во Србија, каде што е гостин на трубачкиот собир во Гуча.

Видливо расположен, Орбан ужива во случувањата во придружба на пријател и без телохранител, мирно шета по улиците и не одбива да се фотографира со посетителите кои ќе побараат селфи со него.

Претходно медиумите од Балканот известија дека при неговото доаѓање во Гуча, Орбан седел во дворот на хотелот Нордик, нарачал пиво и пробал хајдучки ќепап и свадбарска зелка, кои се познати српски специјалитети.