„Фалангата“, верните следачи и навивачи на македонската ракометна репрезентација со поделени ставови по вечерашниот убедлив пораз од Аргентина. Македонските ракометари ја разочараа јавноста, па затоа добија секакви коментари.
10-ина минути пред крајот на натпреварот „Фалангата“ незадоволна скандираше „оставки, оставки“, а како што можеше да се слушне на малите екрани бараа и повлекување од селекторот Кире Лазаров.
Во продолжение може да забележите видео каде јасно се слуша што скандира фалангата и како е разочарана од настапот на македонските ракометари.