Најмалку 16 лица загинаа утрово кога авион со 72 лица, меѓу кои десет странски државјани, се урна во близина на градот Покара во западниот дел на Непал, соопштија портпаролите на армијата и аеродромот.

Државната телевизија објави дека на местото на несреќата на западот од земјата се пронајдени тела. „Во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот… засега не знаеме дали има преживеани“, изјави портпаролот на аеродромот Сударшан Бартаула за АФП.

Меѓу патниците имало две мали деца и десет странски државјани, изјави Бартаула. „Се уште не знаеме какво е нивното државјанство, се обидуваме да го утврдиме тоа“, рече тој.

Најмалку 16 лица загинаа при падот на авионот, изјави воен портпарол. „Очекуваме да извлечеме уште тела“, изјави Кришна Бандари.

Стотици луѓе ги пребаруваат ридовите на местото на несреќата. На летот АТР 72 на Јети ерлајнс од Катманду имало 72 лица, изјави претставник на аеродромот. Државната телевизија на Хималаите покажа црн чад од местото на несреќата и спасувачките екипи околу остатоците.

 

 

Авионските несреќи не се непознати во Непал, дом на осум од 14-те највисоки планини во светот, вклучувајќи го Еверест, бидејќи времето во земјата може нагло да се промени и да создаде опасни услови за летање.