Кичево е во шок по грозоморен настан што се случил вчера утрото, кога во непосредна близина на едно основно училиште биле пронајдени отруени десетина улични кучиња, објави Скопје1.мк.
Очевидци раскажале дека сцената била морничава – телата на кучињата лежеле на патот и во дворот на училиштето. „Невиден хорор, умрени кучиња насекаде. Паѓаа пред нас, со бела пена на устата. Среќа што децата не беа на училиште. Некој намерно одбрал неработен ден, за да нема гужва. Ова е страшно и не смее да се повтори,“ изјавил жител кој прв ја забележал случката.
Граѓаните се згрозени и бараат итна реакција од надлежните институции. Велат дека иако со години се соочуваат со проблеми од уличните кучиња, ваков чин на насилство е неоправдан и нечовечен.
Вработените од Комуналното претпријатие биле повикани попладнето, околу 17 часот, за да ги отстранат телата на животните, откако на социјалните мрежи се појавиле снимки од местото на настанот. Бидејќи денот бил неработен, претпријатието не работело во утринските часови.
View this post on Instagram
