Огномет среде улица во Бутел за време на жалост – јавноста реагира

Снимката од видео-надзор покажува три лица како застануваат среде улица во Бутел, активираат огномет, а потоа си заминуваат.

Овој чин предизвика лавина реакции во јавноста, бидејќи огнометот беше активиран во денови на жалост.

Целото видео може да го погледнте ТУКА.

Не е забава – кој е мотивот?

На снимката се гледа дека не станува збор за прослава или веселба, што отвора прашања за мотивот зад овој настан.

Се огласија и од МВР. Лишени се од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје. Нивната објава може да ја погледнете во продолжение.

Два огномети во два дена

Првиот огномет бил активиран вчера (19.03) на полноќ.
Втората експлозија од огномет била забележана вечерта претходно, а неофицијално, тој бил активиран од кафуле.

Граѓаните бараат одговори – зошто во време на жалост се случуваат вакви инциденти?