Убиството на Фросина Кулакова предизвика низа реакции во јавноста. Васил Јованов ја прегази Фросина, а отпосле беше сместен во затвор. Но, на социјалните мрежи се појавија фотографии од него каде во рацете е со мобилен телефон во затворот Шутка. Ова предизвика нови прашања и полемики, како Васил Јованов дошол до мобилен телефон, но и каква е ситуацијата во македонските прашања. Токму за ваквите теми, утрово разговаравме со Александар Пандов кој е директор на Управата за извршување санкции.

Таткото на Фросина Кулакова му се заблагодари на Пандов

Пандов открива како е внесен телефонот

Откако се појавија сликите веднаш беше реагирано. Направен е претрес во неговата соба, одземен е негов телефон, а најдени се уште неколку телефони таму. Одземен е и телефонот на притвореникот кој го слика. Сликата која е објавена е направена од друг притвореник. Јас веднаш отидов во истражниот затвор познат како Шутка. Точно е. И од убиецот на Фросина, но и од собата каде е испратена сликата сите го сведочеа истото. Имено, Васил Јованов Васо стапил во контакт со притвореник од соседна ќелија. Договорил да добие телефон од него. Преку негов близок роднина од најтесниот круг на неговото семејство исплатени се 250 евра на братот на другиот затвореник. Прават сцена дека на некое лице од неговата соба му се слошува, му паднал шеќерот, а од другата ќелија нудат кутија со колачи да им биде дадена. Затворски полицаец кој не ја проверува кутијата ја дава кутијата.

Најавени почести претреси по затворите

Пандов вели дека не верува на тезата на затворскиот полицаец. Тој смета дека и полицаецот направил грешка што не проверил што има во кутијата, но притоа напоменува дека таа кутија веќе еднаш била проверена на влез во затворот.

Јас не верува во тоа дека тој не знаел што пренесува од една во друга ќелија. И самиот телефон има специфична тежина. Тој затворски полицаец ќе биде санкциониран. Она што не знаеме е како внесен тој телефон во притворот. Не знаеме од кого е внесен, а претпоставките се јасни дека таму се вмешани луѓето вработени во затворите. Јас сметам дека почесто треба да има претреси по затворите.

Пандов: Затворскиот полицаец денеска ќе биде санкциониран

Затворскиот полицаец денеска ќе биде санкциониран. Не можеше викендов затоа што има комисија. Во обвинителството има специјално одделение. Ви периодот додека сум директор на управата за извршување санкции поведени се над 30 постапки за затворски полицајци.

Цела емисија

Пандов гостуваше на нашето радио. Следете ја целата емисија:

Јованов немал возачка дозвола, бил пијан и поминал на црвено

По убиството на Фросина Кулакова се одржуваат протести по скопските улици. Таа трагично го загуби животот на булеварот Партизанска пред пет дена, откако беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов. Тој пак бил пијан, без возачка дозвола, поминал на црвено светло. Има сомнежи дека бил под дејство на наркотици.

Јованов беше уапсен и доби 30-дневен притвор, но јавноста е револтирана бидејќи тој и претходно бил кривично гонет за сообраќајни прекршоци и недозволена употреба на дрога.

Два протести за Фросина Кулакова

Граѓаните во петокот излегоа на мирен протест, оставајќи свеќи и цвеќиња во чест на Фросина. Протестот кулминираше пред Кривичниот суд во Скопје, каде демонстрантите со црвени раце и повици „Убијци!“ испратија силна порака до институциите. Вчера повторно изгледоа на протест каде се испраќаа пораки за работа на обвинтелството, судиите, но и безбедност во сообраќајот.

Овој случај повторно ја отвори темата за застарените закони, неефикасниот судски систем и недоволните превентивни мерки за спречување на сообраќајните несреќи со фатален исход.