Ковачевски упорно прашува каде во светот има пример техничка влада да не биде поддржана од опозицијата, иако тие не гласаа во 2016 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

Како што рече, никаде во светот нема пример, премиер да е човек како Талат Џафери од ДУИ, но има пример каде техничката влада не била поддржана од опозицијата.

„Во 2016. година, Владата беше изгласана, без за неа да гласаат пратениците од СДС, тогаш немаа изјави дека гласањето е обврзувачко и дека ако не гласаат не треба да бидат избрани министрите по нивен предлог. Ова е листингот од гласањето на техничката влада во 2016 година, помеѓу пратениците од СДС кои биле тогаш се наоѓаат и Јован Митрески сегашен координатор на пратеничката група на СДС и предлог за претседател на собранието за време на техничката влада, Јагода Шахпаска министер во МТСП, актуелниот пратеник Горан Мисовски и потпретседателот на СДС Стефан Богоев. И тогаш и сега обврска е на владејачкото мнозинство да избере влада за спроведување на изборите, т.е. техничка влада, во која министрите во МВР и МТСП, како и дополнителните заменик министерски места во МИОА, финансии и земјоделие ќе бидат по предлог на опозицијата“, рече Панова.