Вистинска драма се случила на пешачката патека кај Студенчишта во Охрид. Параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи за малку ќе повредел мајка и дете. Тие мирно се движеле по патеката покрај езерото.
Според видеото објавено од Ohrid1.com, параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона. Се движел директно над луѓето кои се шетале во тој дел.
Во еден момент, за влакно ја промашил мајката која била со своето дете. Потоа удрил во столб за улично осветлување и целосно го уништил.
