На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледаат шест паркирани автомобили со избушени гуми. Иако локацијата не е наведена, од снимката може да се претпостави дека станува збор за улица во скопско Ѓорче Петров.
Во коментарите под објавата, дел од граѓаните оценија дека веројатно станува збор за возила паркирани на место каде што не смееле да бидат и дека нешто попречувале. Според нив, поради тоа некои го сметале чинот за нормална постапка. Други пак сметаат дека, и да имало револт поради начинот на паркирање, сторителот можел да повика пајак-служба. Тие оценуваат дека наместо тоа, била нанесена непотребна материјална штета на сопствениците. Објавата продолжува да предизвикува спротивставени реакции меѓу корисниците.
Погледнете го видеото кое е вирално на социјалните мрежи:
