Пентагон денеска ја објави шестата серија документи за неидентификувани аномални феномени (УАП), познати и како НЛО.
Новиот пакет содржи 71 датотека, од кои 67 се од Министерството за одбрана и четири од локалната полиција во Колорадо. Односно пакетот содржи 55 Пе-де-еф датотеки, 15 видеа и еден аудиозапис. Дури 64 документи се делумно цензурирани и датираат од 1952 до 2025 година.
Повеќето денеска објавени видеа се слични на оние од претходните серии. Зрнестите снимки од воена камера покажуваат необјасниви објекти што брзо се движат.
На други видео, снимено над Блиски Исток, се гледаат како шест објекти летаат во формација и често го менуваат правецот.
Четири видео-снимки се од локалната полиција во Колорадо, која испратила извештаи до Канцеларијата за истрага на УАП на Пентагон.
Во воена белешка на една од снимките се наведува дека „офицерот, кој го поднел извештајот го опишал феноменот како „бесшумен“ со „црвени, сини и зелени светла што трепкаа“.
Меѓу објавените документи е едночасовен аудиозапис и транскрипт од говорот на офицерот на воздухопловните сили Едвард Рупелт од 1952 година. На снимката, тој ја објаснува истрагата на армијата за инциденти со НЛО.
Рупелт истакнува дека околу 20 проценти од 800-те извештаи за НЛО истражени од американските воздухопловните сили останале мистерија.
– Ги разгледавме тие извештаи и откривме дека околу 20 проценти од нив беа многу квалитетни, доаѓаа од многу сигурни луѓе и … едноставно не е можно да се извлечат какви било заклучоци, посочи Рупелт.
Тој подоцна го водеше Проектот Сина книга, програма на воздухопловните сили што истражуваше НЛО од 1952 до 1969 година.
