Со Бране Петрушевски дискутиравме на актуелните теми. Фокус ставивме на вчерашното објавување на пратенички листи каде Мицкоски ги соопшти своите адути.

По вчерашните реакции на јавноста Мицкоски има направено идеален избор на носители на изборни листи. Она што како реакција го слушам и чувствувам на социјалните мрежи не слушнавме негативна реакција за кандидатите. Владо Мислајковски – Кендо во мојата изборна единица е човек со кој долго соработувам. Тоа е мотиварот и енергија за дејствување и промени, рече Бране Петрушевски.

Тој рече дека очекува големо изненадување во втората изборна единица.

Нескромно сакам да кажам дека најголемото изненадување ќе го направиме токму во втората изброна единица кога ќе имаме позитивно изненадување за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде интересна изборната трка во ИЕ2, додаде тој.

Во текот на вчерашниот ден, Христијан Мицкоски ги соопшти адутите. Тој кажа дека самиот ќе биде носител на ИЕ1.

Носител на листата во Изборна единица 2 ќе биде потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде носител ќе биде пратеникот Драган Ковачки.

Носител на листата во Изборна единица 4 ќе биде потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

За Изборната единица 5 уште не е одлучено, но оваа одлука Мицкоски најави дека ќе биде донесена во текот на денот.

Во Изборната единица 6 носител ќе биде сегашната пратеничка, Дафина Стојановска.