Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требало да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра, праша денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Заев освен оние 4 милиони евра кои, Дака во аудио снимки на социјалните мрежи, вели дека му ги дал како поткуп на Заев, требало да добие и процент од продажбата на 2.000 станбени единици во Тетово?
Затоа ли СДС и ДУИ, по насока на Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваат ДУП во Тетово за прорускиот бизнисмен Дака да може да гради бетонска џунгла“.Додека СДС и Филипче молчат, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, и не даваат одговори за нивниот врховен лидер Заев, тој купува плантажи во Африка.
Според него и после се, СДС и Филипче не се оградуваат и дистанцираат од Заев.
„Време е за одговорност. Време е ЈО да го истражи овој случај“.
