Излезе на виделина поврзаноста на Филипче и Заев со бизнисот со марихуана. Фирмата ЦБД Медплант ДОО од с.Борисово на Тони Котев, на која и беа запленети 30 тони дрога, добива одобрение од владата за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
-Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис. Дека Филипче заедно со Заев цврсто се бореше за овој бизнис говори и фактот што силно се заложуваше марихуаната да се користи и за лична потреба. Ај што поддржуваше легализација заедно со Заев, ај што даде 50 лиценци на лица блиски до него, Заев и СДС, туку и се залагаше за експорт на цветот од канабис, вели тој.
Петрушевски прашува: „Затоа ли во 2023 година, власта на СДС го промени Правилникот за одгледување на канабис? За да може да им врви бизнисот на Заев и Филипче? И дополнително, колкава сума требало да добие ова криминално дуо“.
-Затоа, потребно е ЈО да ја истражи поврзаноста на Заев и Филипче со дрогата, вели пратеникот.
