Пленумот успеа да собере „дури“ еден студент
Не успеа обидот на Левица да го преземе искрениот студентски крик. Пленумот успеа да собере дури еден студент, а тој кажа дека другите не сакале да се сликаат!
Ваквиот епилог следува откако во јавноста протекоа видео-снимки од онлајн сесија преку платформата „Зум“ кои укажуваат на сериозен обид за политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани.
Верувале или не, пленумот се состоеше од само еден човек.
Погледнете го видеото во продолжение
До нашата редакција пристигна и фотографија од внатре од Филозофски факултет.

За жал, одредени политички платеници се појавија во овие протести.
Лице осудено за палење на канцеларијата на Иванов го организира денешниот протестен марш
Со соопштение се огласија од Независниот студентски сојуз.
Почитувани,
Независниот студентски сојуз се гордее со нашите студенти!
Препознати се сите намери за политизација и мешање во нашето искрено студентско движење.
Денешниот собир е директен доказ дека студентите не сакаат политичка инволвираност во искажувањето на своите ставови и беше обид политичката партија Левица да го киднапира искрениот студентски крик!
Студентите денес го препознаа политиканството и одлучија да не учествуваат во ова фијаско.
НСС УКИМ ќе поднесе кривична пријава за вчерашното лажно претставување во наше име и ширење изјави во јавноста.
Апелираме политиката да се тргне на страна, а кога ќе обезбедиме делување независно од политиката – потоа ќе го соопштиме нашиот став и нашите идни чекори.
Фијаското на денешниот протест нанесе штета врз угледот на студентите.
ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ!
Со Почит,
Независен студентски сојуз
Отворен обид да се пренесе криза однадвор во Македонија
Снимките кои излегоа вчера откриваат не само цинична калкулација туку и отворен обид да се пренесе криза однадвор во Македонија. Станува збор за сценарио кое доколку биде спроведено, може да предизвика долготрајна политичка и економска дестабилизација.
За потсетување, македонските граѓани веќе еднаш видоа дестабилизација преку „Шарена револуција“ и ја имаа скапо платено.
Со денешното фијаско од протест се докажа дека студентскиот пленум не е автентичен глас на младите или само чадна завеса зад која стојат истите старо-партиски елити со нови маски и исти амбиции за моќ?