Македонскиот министер за надворешни работи во историска посета на Австралија

Македонската дијаспора повеќе нема да биде заборавена. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија. Ваквата средба претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од цели 15 години.

Средба со австралиската министерка за надворешни работи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија истакна дека во рамки на интензивната политичка агенда, Муцунски ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг.

„На оваа средба ќе ја потврдиме стабилната и пријателска соработка меѓу нашите две држави. Посебен акцент ќе ставиме на новите можности за економска соработка и зајакнување на билатералните односи,“ изјавија од Министерството.

Од кабинетот на Муцунски додаваат дека ќе се разменат ставови за актуелните глобални предизвици, при што ќе се разговара и за прашања од взаемен интерес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timcho Mucunski (@mucunski)

Активности за економска соработка

Покрај политичките средби, во агендата на Муцунски се предвидени активности за економска промоција на Македонија.

„Министерот ќе оствари повеќе средби со реномирани бизнисмени и претставници на австралискиот деловен сектор, со цел отворање нови можности за инвестиции и трговска соработка,“ информираа од Министерството.

Економските односи клучен приоритет.

„Особено значајни ќе бидат разговорите со членовите на Групата за пријателство со Македонија во Парламентот на Австралија, каде што ќе се разгледаат можности за унапредување на економските односи,“ беше истакнато во соопштението.

Македонската дијаспора посетена по пауза од 15 години

Во рамките на посетата, министерот ќе одржи средба со македонската заедница во Австралија.

„За нас е од исклучителна важност да одржуваме блиски односи со македонската дијаспора и да ги слушнеме нивните предлози за посилна соработка,“ изјави Муцунски.

Од неговиот кабинет нагласија подобрување на комуникацијата дека е прв приоритет.

„Ќе споделиме информации за актуелните политики на Владата и ќе разговараме за начини на подобрување на комуникацијата со нашите иселеници,“ додаде тој.

Дополнително, министерот ќе даде интервју за австралиското државно радио SBS на македонски јазик. Според најавите во интервјуто ќе ги истакне приоритетите на македонската надворешна политика.

Ваквата средба на Муцунски следува по неговата посета на Америка со премиерот Мицкоски и инаугурацаијата на Доналд Трамп. Прочитајте повеќе.

(ФОТО) МУЦУНСКИ ОТКРИВА: Со Мицкоски се во приватната ложа на еден од најмоќните политичари во САД!