Масовниот убиец од Младеновац, Урош Б. (21) доцна попладнево беше донесен во полициската станица во Смедерево.

Како што јавуваат српските медиумите, тој бил донесен толку доцна во станица бидејќи на полицијата морал да и покаже каде ја сокрил пушката со која го извршил масакрот. Доцна синоќа тој усмрти осум лица, а рани 14.

Урош бил однесен во полициска станица под силно полициско обезбедување. На себе имал чорапи и бел скафандер без облека под него.

Како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, во неговото апсење, кое се случи утринава, учествуваа 600 полициски службеници од повеќе полициски единици.