Земјотрес со јачина од 7,8 степени рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци е почувствуван во голем дел од земјата и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 1.000, а уште толку се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

 

Според УСГС, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

Поради земјотресот експлозија имаше и на гасоводот во Хајат, Турција. По експлозијата избувнал пожар.