Нуркачите од Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.
Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро.
На прикажаното видео можат да се погледаат Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град.
Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V – VI век, н.е).
Проектот е финансиран Од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.