Постигнат гол од половина терен еднаш се гледа во првата македонската фудбалска лига. Тоа беше случај денеска. Напаѓачот на БЕСА, Влатко Стојановски, постигна спектакуларен погодок на гостувањето кај Шкупи во Чаир, пренесе Гол.мк.

Домашниот тим беше во налет и бараше израмнување на резултатот, но Стојановски прими една топка на својата половина, го забележа истрчаниот Денковски и со маестрален удар го матираше од дистанца над педесет метри.

Голот на Влатко Стојановски против Шкупи може да го погледнете во продолжение: