Полицијата ја спречи девојката да скокне од прозорец во мотел во Тетово, каде беше затекната со остар предмет во рака
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, откако била затекната на работ од прозорец во мотел во Тетово.
Според информациите од МВР, случајот се случил денеска околу 14:35 часот, по пријава од Л.К. Дојавил дека женско лице одбива да го напушти мотелот. При пристигнување на местото, полициските службеници забележале девојка како стои на прозорецот со остар предмет во рака, заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се самоповреди.
По наредба на јавен обвинител, полициските службеници ја отвориле вратата од собата со употреба на сила и ја спречија девојка да си го одземе животот.
Девојката е пренесена во Клиничката болница во Тетово каде ѝ е укажана лекарска помош.
Во врска со настанот, лицето Л.К. е приведено поради сомнение за посредување при вршење проституција. Во интервенцијата, еден полициски службеник е полесно повреден.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните органи.