СВР Скопје го пронајде и казни возачот кој со возило се движеше по пешачката патека покрај Вардар.
Од МВР информираат дека во врска со објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како непознато машко лице управува патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки по пешачката патека покрај реката Вардар, односно по несоодветна сообраќајна површина, од страна на СВР Скопје – Одделение за безбедност на патниот сообраќај биле преземени мерки.
