Ништо од помпезно најавеното украсување на Град Скопје.

Иако Данела Арсовска уште минатата недела најави дека Градот ќе биде украсен за новогодишните празници, фотографиите од плоштадот покажуваат дека украсувањето е оскудно и сиромашно и сместено само на мал простор на плоштадот, пренесува 24инфо.мк.

За разлика од главните градови од регионот, па и некои од македонските градови како Крива Паланка, украсувањето на централното градско подрачје може да се каже и дека е срамно за град кој претендира да биде метропола.

Оваа година Скопје за новогодишните празници е тмурно и очајно, без никаква програма на градскиот плоштад за граѓаните и туристите.

Како што кажа Арсовска украсувањето нема да биде на товар на Градот туку ќе биде донација од компании.