Силен циклон го погоди црногорското приморје

Силен циклон од Јадранското Море предизвика обилни врнежи на црногорското приморје, при што наврнале повеќе од 200 литри дожд.

Обилниот дожд зафатил поширок регион, а на југот на Далмација и во Херцеговина се измерени над 100 литри врнежи.

Центарот на Котор под вода

Центарот на Котор се претворил во мало езеро, додека поплавите целосно го парализирале сообраќајот.

Најкритична е состојбата во Стариот град, каде што инфо-пунктот на туристичката организација бил преместен поради тоа што централното градско подрачје се нашло под вода, пренесуваат црногорските медиуми.

Надлежните го дислоцирале пунктот во Канцеларијата за пријава и одјава на престој на странци во Стариот град.

Зголемено ниво на водата во Порт Милена

Во Улцињ значително се зголемило нивото на водата во Порт Милена.

Водата навлегла во дрвените куќички за риболов, а улиците, според снимките на социјалните мрежи, наликуваат на канали.