Големи пламени јазици синоќа го зафатиле мостот „Беласица“ во близина на Трговскиот центар „Ист Гејт“ кој води кон Железничката станица во Скопје.

Пожарот е локализиран, а во моментов мостот е целосно затворен за сообраќај од безбедносни причини. Полицијата ги пренасочува возилата.

Според информации кои екипата на „360 степени“ ги доби од припадници на Противпожарната бригада кои се на местото на настанот, причината за пожарот е позната, но се чека Министерството за внатрешни работи (МВР) да излезе со официјално соопштение за инцидентот откако ќе го заврши целосно увидот.

Уште синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки од пожарот.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за причините за избувнувањето на пожарот и за настанатата штета.