Авион кој се борел со шумските пожари во Грција се урна денес, соопшти грчката противпожарна бригада.

Како што пренесуваат грчките медиуми, во авионот, кој припаѓа на 355 тактичко-транспортна ескадрила, биле двајца пилоти.

Несреќата се случила над градот Каристос, на југот на островот Евија, во близина на Атина, објави грчки ЕРТ.

На видео-снимка се гледа како авионот паѓа на земја, по што следела голема експлозија.

Грчкото министерство за одбрана потврди дека двајцата пилоти загинале кога се урнал нивниот авион. Пилотите се идентификувани како 34-годишен командант и неговиот 27-годишен копилот.

На местото на несреќата е испратен хеликоптер кој ја надгледува ситуацијата.